ЗАМЕНА

Доколку нарачавте производ кој не ви одговара, не ви се допаѓа, сте земале погрешна големина или поради која било друга причина сакате да го замените производот за друг, можете да го замените во рок од 14 дена од денот на приемот на пратката.

Доколку сте купиле артикл во онлајн продавницата www.jewelry.mk, размената можете да ја извршите на следниот начин:

Треба да не контактирате преку е-пошта на contact@jewelry.mk и да ни ги доставите следните информации:

1. Име и презиме

2. Број на првична нарачка или број на фактура

3. Шифрата или името на производот што сакате да го замените

4. Шифрата или име на новиот производ за кој сакате да го замените.

Доколку сакате испорака на друга адреса, треба да ги испратите следните информации:

1. Име и презиме на примачот

2. Адреса: улица и број, поштенски број, град

3. Телефон за контакт

После тоа, ќе ви испратиме известување на вашата e-mail адреса дека можете да го испратите производот што сакате да го замените на следната адреса наведена на маилот.

При враќање на стоката задолжително е да се врати во исправна, неискористена состојба и оригинална, неоштетена амбалажа, а сметката мора да се приложи. Нарачаниот производ не може да се смени  доколку е оштетен.

Откако артиклот ќе пристигне на нашата адреса, ќе направиме нова нарачка за вас со производ за замена.

Доколку е достапен производ за замена, времето за испорака на заменетиот производ е 6 работни дена од пристигнувањето на вашето враќање на нашата адреса.

Доколку саканиот производ за замена не е достапен, ќе ви го вратиме парите во рок од 14 дена. Доколку првичното плаќање е извршено со готовина при достава или со уплатница, враќањето ќе се изврши на тековната сметка обезбедена од клиентот.

Производот за замена може да биде со повисока, пониска или иста цена како и првично нарачаниот производ. Доколку цената на заменетиот производ е пониска од цената на првично нарачаниот производ, парите ќе бидат вратени на вашата сметка или картичка, според горенаведената процедура. Ако цената на производот за замена е повисока од цената на првично нарачаниот производ, разликата може да ја платите само во готовина во моментот на наплата.

Трошоците за повратна испорака, како и испраќање на замена се на товар на купувачот.

Производите купени преку www.jewelry.mk не може да се разменуваат во нашите продажни салони, туку само според горенаведената процедура.