Повлекување од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот од страна на потрошувачот

Повлекување од договор на далечина од страна на потрошувачот

овој образец да се пополни и прати само доколку сакате да се повлечете од договорот


- Назив и седиште на трговецот, телефонски број, адреса на електронска пошта или број на телефакс (овие податоци ги внесува трговецот): _________________________________________________________________________________________________

- Со ова јас/ние (известувам/известуваме за моето/нашето повлекување (*) од договорот за продажба на следниве стоки/услуги (*): _________________________________________________________________________________________________

- Нарачано на ден _____________(*)/ примено на ден _____________(*); - Име и презиме, односно назив на потрошувачот/-ите _________________________________________________________________________________________________

- Адреса на потрошувачот (-ите): ________________________________________________________

- Потпис на потрошувачот (-ите): _________________ (доколку се поднесува во хартиена форма)

- Датум________________

(*) избришете го непотребното



УПАТСТВО

за пополнување на образецот за остварување на правото на повлекување од договор на далечина од страна на потрошувачот

Може да го раскинете договорот, без да наведете било каква причина, во рок од 14 дена од датумот на склучување на договорот. Рокот за повлекување истекува по 14 дена од датумот на склучување на договорот. За да го остварите правото на повлекување, треба да не информирате за својата одлука да го раскинете овој договор со недвосмислена изјава (на пример писмо испратено по пошта, факс или електронска пошта). За таа цел можете да го користите приложениот примерок на образец за повлекување. За да се испочитува рокот за повлекување, доволно е да ни го испратите образецот во однос на остварувањето на правото на повлекување пред истекот на рокот за повлекување.

Ефекти од повлекувањето


Доколку се повлечете од овој договор, се надоместувaат сите плакќ ања кои ги имаме добиено, вклучувајкќ и ги и трошоците за испорака (со исклучок на дополнителните трошоци кои произлегуваат од Вашиот евентуален избор на вид на испорака освен најевтиниот вид на стандардна испорака од нас понудена), без непотребно одлагање и во секој случај не подоцна од 14 дена од денот кога сме информирани за Вашата одлука за повлекување од овој договор. Таквите надоместоци кќ е се извршат со користење на истото средство за плакќ ање кое што сте го користеле при првичната трансакција, освен ако не е јасно поинаку договорено. Во секој случај, нема да имате никаков трошок како последица од тој надомест.

Упатство за пополнување:


1. Внесете еден од следниве текстови помегќу наводниците:
а) „склучување на договорот” - во случај на договор за услуги или договор за испорака на вода, гас и електрична енергија, кога не се нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, централно греење или дигитална содржина која не се испорачува на траен носач;
б) „во кој Вие или трето лице, освен превозникот и од Вас назначено лице, стекнува физичко поседување на стоките” во случај на договор за продажба;
в) „во кој Вие или трето лице, освен превозникот и од Вас назначено лице, стекнува физичко поседување на последната стока “, во случај на договор за повекќе стоки нарачани од страна на потрошувачот во една нарачка а доставени одделно;
г) „во кој Вие или трето лице, освен превозникот и од Вас назначено лице, стекнува физичко поседување на последната пратка или парче “, во случај на договор за испорака на стока која се состои од повекќ е пратки или парчиња:
д) „во кој Вие или трето лице, освен превозникот и од Вас назначено лице, стекнува физичко поседување на првата стока“ во случај на договор за редовна испорака на стоки во текот на одреден временски период.

2. Внесете го називот, седиштето и доколку се достапни, телефонскиот број и број на факс и адреса на електронска пошта.

3. Доколку му давате на потрошувачот можност да ги пополни и достави електронските информации за неговото повлекување од договорот на Вашата веб-страница, внесете го следново: „Исто така, можете да пополните и доставите електронски примерок: образец за повлекување или која било друга недвосмислена изјава на нашата веб-страница (вметнете ја адресата). Ако ја користите таа опција, кќе Ви доставиме без одлагање потврда за прием на повлекувањето на траен носач на податоци (на пример по електронска пошта).“

4. За договорите за продажба во кои Вие не сте понудиле да ги преземете стоките во случај на повлекување, внесете го следново: „Надоместокот може да биде суспендиран до приемот на стоките или додека не се докаже дека стоките се вратени, без разлика што прво се случило.“

5. Доколку потрошувачот ги примил стоките кои се предмет на договорот:
а) Внесете: - „Ќе ги вратиме стоките.“; или - „Вратете ги стоките или предадете ни ги нам или на ... (внесете го називот, седиштето, доколку е соодветно, на лицето од Вас овластено да ги прими стоките), без непотребно одлагање и во секој случај во рок од 14 дена од денот кога не известувате за своето повлекување од овој договор. Ќрајниот рок е исполнет доколку ни ги вратите стоките пред истекот на рокот од 14 дена.“ б) Внесете: - „Трошоците за вракќ ање на стоките кќе бидат на наша сметка.“, - „Директните трошоци за вракќ ање на стоките кќ е бидат на Ваша сметка.“, - Доколку, во договорот на далечина, Вие не нудите да го сносите трошокот за вракќ ање на стоките и тие, по своја природа, не можат нормално да бидат вратени по пошта: „Директниот трошок од ...... денари (внесете го износот) за вракање на стоките кќ е биде на Ваша сметка.“; или доколку трошокот за вракќ ање на стоките не може разумно да се пресмета однапред: „Директниот трошок за вракќ ање на стоките кќ е биде на ваша сметка. Трошокот се проценува - на максимум од околу .......денари (внесете го износот).“, или - Доколку, во случај на договор склучен надвор од деловните простории, стоките, по своја природа, не можат нормално да бидат вратени по пошта и се доставени до домот на потрошувачот на датумот на склучување на договорот: „Стоките кќе ги преземеме на наша сметка.“
в) Внесете: „Вие сте одговорни само за намалувањето на вредноста на стоките како резултат од управување со стоките различно од она што е потребно за утврдување на природата, карактеристиките и функционалноста на стоките.“

6. Во случај на договор за испорака на вода, гас или електрична енергија, кога не се нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, или централно греење, внесете го следново: „Доколку сте побарале да започне извршувањето на услугата или набавката на вода/гас/електрична енергија/централно греење (избришете го непотребното) во текот на рокот за повлекување, должни сте да ни платите износ пропорционален на она што е испорачано до моментот кога не известивте за Вашето повлекување од овој договор, во однос на сите покритија предвидени со договорот.“