Информации за одржување на накит

Сребрен накит

Сребро е благороден метал и подложен е на трошење со тек на време. Среброто со тек на време ја губи бојата и сјајот, но овој процес може да се забави доколку правилно се одржува накитот. Накитот од благороден метал не треба да доаѓа во допир со хемикалии како што се парфеми, солена вода, сулфур, разни креми, спрееви за коса и хлор. Исто така изгледот на самиот накит може да зависи од PH вредноста на вашата кожа, како и рутинска нега на кожата и лична хигиена. Од наведените причини промена на боја или оксидација не можат да бидат предмет на рекламација.

14k розе позлата е уникатна мешавина од сребро и бакар со 14к позлата и не се смета за благороден метал. Избледувањето на позлатата со тек на време, е сосема нормална појава и како такво не може да биде предмет на рекламација.

14k позлата е уникатна мешавина на сребро и бакар со 14к позлата и не се смета за благороден метал. Избледувањето на позлатата со тек на време, е сосема нормална појава и како такво не може да биде предмет на рекламација.

Заштите го вашиот накит

Вашиот накит нека биде последна работа која ја ставате на себе и прва која ја вадите. Наша препорака е да го вадите накитот пред спиење или физичка активност. Исто така избегнувајте контакт на накитот со средства за чистење на домаќинството или солена вода, бидејќи ќе се наруши изгледот на накитот, односно накитот ќе потемни и ќе го изгуби сјајот.

Кога не го носите накитот, чувајте го одвоено од останатиот накит во отворена кутија или кесичка, со што би спречиле оксидација или гребење на накитот.

Полирање на накитот

Накитот полирајте го со мека ткаенина за полирање, за да Вашиот накит блеска. Но, имајте во предвид дека ткаенината не може да отстрани физичко оштетување или изребани површини.

 

Чистење на накитот

За да го исчистете својот накит ставете го во малку сапуница и земете мека четка за заби. Доколку имате потешкотии околу чистењето, потопете го накитот во чиста вода, но внимавајте на производите кои содржат циркони, кристали, емајл, мурано стакло и бисери.

 

Накит од оксидирано сребро

Оксидацијата се губи со тек на време. Колку брзо ќе се изгуби оксидацијата зависи од тоа како го одржувате накитот. Оксидацијата може да ја избледи пот, хлор, парфеми, средства за чистење и ткаенини потопени во средства за чистење на сребро. Избледена оксидација се смета за нормална појава и не спаѓа во оштетување. Не препорачување користење на средства за полирање на сребро , бидејќи тоа ја уништува окцидацијата.